Language switcher

Social

 

altНа 14.12.2009 година истече крајниот рок за поднесување на Предлог проекти по објавениот повик за промоција на прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Активностите на Центарот интензивно се одвиваа што резултираше со поднесени три проекти:

 

 

Во проектот  „ Прекугранична образовна мрежа за деца со посебни потреби “ , Центарот се јавува како водечки партнер. Тргнувајќи од фактот дека станува збор за маргинализирана група на деца, кои често се оневзможени да посетуваат редовна настава, со проектот се предвидува  социјална кохезија и прекугранична соработка преку поврзување на лицата од ранливите групи од двете страни на границата, подигнување на јавната свест за правата на маргинализираните и дискриминираните лица во рамките на пошироката општествена заедница и нивно интегрирање во истата.
Во останатите два проекти Центарот се јави како партнер. Станува збор за проектите:alt
 „ Прекугранично бизнис вмрежување за одржлив раст “ во кој водечки партнер е Бизнис Информативниот и Консултантски Центар од Сандански. Главна интенција на проектот е подобрување на бизнис опкружувањето во целниот прекуграничен регион преку развивање на бизнис услугите, маркетингот и бизнис соработката. Проектот ќе цели кон создавање на пријателска бизнис средина за МСП, преку подобрување и диверзификација на бизнис услугите, развивање на нови видови на промоција, каkо и воспоставување на поволни услови за развој на бизнис соработката помеѓу различните економски актери во пограничниот регион.
,, Создавање на мрежа во областа на здравството и социјална кохезија помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија “,во кој покрај Центарот како партнер се јавува општина Гоце Делчев (Р.Бугарија), а водечки партнер е Медицинскиот Центар од истоимениот град. Главната цел на проектот е создавање на мрежа од здравствени институции кои ќе соработуваат во пружањето на здравствени услуги во пограничниот регион, како и зголемувањето на нивото на информираност и здравствената култура на населението во прекуграничниот регион