Language switcher

Social

 

Во рамките на планираните активности кои се спроведуваат за имплементација на проектот за Воспоставување на регионално планирање и Географско информационен систем во општините од Источен плански регион на 26 и 27 март 2014 година во општина Чешиново - Облешево претставниците од фирмата КАЛИОПА од Р. Словенија  одржа работилница со стручните и одговорни лица од сите 11 (единаесет) општини во состав на регионот за продолжување на активностите предвидени со проектот.

Во оваа фаза беа разгледани состојбите со адресниот модел и даночниот систем, проблемите кои се јавуваат во фазата на имплементација, нивно надминување и усогласување со потребите.

Се очекува до крајот на 2014 година, согласно поставената временска рамка во проектот, првата и втората фаза целосно да бидат завршени.

Во рамките на овој проект се одржа и работна средба помеѓу претставниците од КАЛИОПА од Р. Словенија, Градоначалникот на општина Кочани, Г-дин Ратко Димитровски и Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Драгица Здравева. На средбата се разгледа можноста за продолжување на проектот со III (трета) фаза, односно вклучување на подземниот катастар во ГИС Системот за сите општини од регионот.

Имајќи во предвид дека овој проект се спроведува со грант од Влада на Р. Словенија преку Програмата за билатерална техничка помош на Влада на Р. Словенија и Влада на Р. Македонија се дискутираше за можноста за обвезбедување на дополнителен грант и економски оправдани трошоци, прифатливи за општините во спроведување на III (третата)фаза од овој проект.

Заклучоците од оваа работна средба ќе бидат презентирани на Седница на Советот за развој на Источен плански регион, закажана за 28 март во општина Берово.