Language switcher

Social

 

altСредбата на општините од Источниот плански Регион се одржа на 9-ти Јуни 2010 година во големата сала на општина Штип, на средбата присутни беа Градоначалниците на општините и директорите на јавните претпријатија на Источниот плански регион.

Целта на оваа средба беше да се информираат сите општини од Источниот плански регион за почетокот на спроведувањето на проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ кој е финансиран од Европската Инвестициона банка и да се запознаат за текот на сите активности поврзани со него, како и апликацијата која треба да се пополни од страна на општината при аплицирање за користење на сретствата од кредитот.