Language switcher

Social

 

 

Во кабинетот на градоначалникот на општина Пробиштип, на 10 февруари 2014 година се одржа работна средба со претставници од  Министетрството за животна средина и просторно планирање, претставници од Македонското еколошко друштво и Центарот за развој на Источен плански регион. На средбата се расправаше по основ на веке отпочнатата активност за преиспитување на  можностите и придобивките од прогласувањето на “Раткова Скала” за подрачје со природна реткост или заштитено подрачје - споменик на природата или парк на природата.
 
Претставниците од  Министетрството за животна средина и просторно планирање и  Македонското еколошко друштво ги изнесоа сите аргументи “ЗА”и  “НЕ” во однос на предлозите од аспект на придобивките и негативностите во развојот на општината и регионот но и заштитата и зачувувањето на природата  и природните реткости.Раткова Скала се наоѓа на  десетина  километри североисточно од с.Злетово длабоко во југозападниот дел на Осоговските планини, во долината на Шталковичка Река. Раткова Скала оддалеку е препознатлива по стрмните карпи со темно до светло сивкаста боја. Поради забавеното, речиси вертикално усекување на Шталковичка Река низ кварцитите, нејзината долина има изглед на кањон со наредени карпести отсеци-скали поради што месноста се нарекува Раткова Скала. Природата е специфична, со повеќе водопади, густа и разновидна ретка вегетација, со ендемични видови, разновидни животни и птици.
 
Раткова Скала е со уникатна природа и геоморфологија.