Language switcher

Social

 

Одржана работилница „Размена на искуства за номинација на Геопарк Лесново во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО“

Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Македонија. Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект на Швајцарската агенција за развој и соработка кој веќе 6-та година се спроведува во Источниот плански регион.

На 06 ноември 2018 година во просториите на Домот на културата „Злетовски рудар“ во Пробиштип се одржа работилница за размена на искуства за номинација на Лесново во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО.

На работилницата активно учество земаа и експерти од Хрватска и Романија, кои што ги презентираа процесот на номинација за член во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО, придобивките од добивањето статус светско наследство, проблемите со кои се соочиле при процесот на номинација, како и можностите за воспоставување меѓусебна соработка.

Работилницата беше со цел да се зајакнат капацитетите на сите засегнати страни во процесот и да се надминат и последните недоумици во врска со постапката за номинација на Лесново за член во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО.