Language switcher

Social

 

Презентација на 16те одобрени проекти во рамки на грантовата шема за инвестициските и иновативните проекти и потпишување на договорите за истите

Министерството за локална самоуправа преку проектот  „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ организираше  настан за презентација на 16те одобрени проекти во рамките на  грантовата шема за инвестициските проекти и грантовата шема за иновативните проекти на 27 мај, 2019г. (понеделник) во просториите на Х. Мериот Скопје. На овој настан имаше презентации на 16-те одобрени проекти во рамките на грантовата шема за инвестициските проекти и грантовата шема за иновативните проекти.

Настанот го отвори Министерот за локална самоуправа, Г-динот Сухелј Фазлиу, потоа кратко излагање имаа заменик претседателот на Влада на РЦМ, задолжен за економски прашања Проф. д-р Кочо Андушев и амбасадорот на Швајцарија во РСМ Н.Е. Sybille Suter Tejada.

  • Презентации на одобрените проекти во рамките на грантовата шема за инвестициските проекти во вкупна вредност од 842,104 CHF (Претставници од 8-те центри за развој на планските региони).
  • Презентација на одобрените проекти во рамките на грантовата шема за иновативните проекти во вкупна вредност од 311,841 CHF (Претставници пд 8те бизнис центри во рамките на центрите за развој на планските региони).

На настанот имаше учесници од сите релевантни министерства, агенции и донаторски организации и  претставници од другите региони.

Центарот за развој на Исочен плански регион преку финансиска подршка од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка, во наредниот период ќе реализира проекти во интерес на граѓаните од регионот. Се работи за реконструкција на ски лифтовите на Пониква, со вредност од 5.000.000,00 денари  и проект: „Здрави деца-сигурна иднина“ каде е предвидена набавка и монтажа на три мулти сензорни соби во рамките на ОУ „Малина Попиванова„ Кочани, ОЈУДГ Астибо Штип и дневен центар за деца со попреченост во Делчево со вкупна вредност од 2.100.000,00 денари.

Воедно на настанот се свечено потпишаа договорите за инвестицискиот и иновацискиот проект.