Language switcher

Social

 

Потпишан Договор за Изработка на Техничка документација за изградба на патишта и паркинг простори во СРТЦ ПОНИКВА

На 28 мај 2015 година, Центарот за развој на Источен плански регион го потпиша Договорот за Изработка на Техничка документација за изградба на патишта и паркинг простори во Спортско Рекреативен Туристички Центар ПОНИКВА во рамките на проектот Изградба на патишта и паркинг простор во СРТЦ Пониква и “Осогово”-препознатлива туристичка дестинација и регионален планински центар-до мобилност и комуникација со изградба на жичари и ски лифтови за вертикален транспорт.

Проектот е финансиран од Европската Унија а управуван од страна на Германското Друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Програма за регионален економски развој во Македонија.

Фирмата која ќе работи на Изработка на Техничка документација за изградба на патишта и паркинг простори во Спортско Рекреативен Туристички Центар ПОНИКВА е ДГ “Сивил Инженеринг” ДОО - Скопје.

Реализацијата на овој проект води кон создавање на услови за динамичен и оддржлив развој на Cки туризмот во Источниот плански регион. Со проектот се предвидени:

За Општина Пробиштип:

  • Сообракајници:
    • Шест асфалтирани пристапни улици со вкупна должина од 2.855 м со широчина од 7,9 м (двострани тротоари);
    • Поплочени пристапни патеки во должина од 1.950 м и широчина од 3 м;
  • Стационарен сообраќај:
    • Шест свртувалишта за возила со вкупна површина од 786 м2;
    • Автобуска постојка со придружен објект за сервисни услуги за скијачка опрема: со 25 паркиралишта за автомобили и 9 паркиралишта за автобуси, со вкупна површина од 2.5 ха;
    • Паркиралишта Арамиска чешма со површина од 3.400 м2;
    • Паркиралишта спроти одморалиштето на МВР со површина од 440 м2.

За Општина Кочани:

  • Сообраќајници:
    • Десет асфалтирани пристапни улици со вкупна должина од 6.000 м, со ширина на коловоз 6 м и двострани тротоари со ширина по 2м;
    • Пристапни патеки со вкупна должина од 749 м2 со ширина од 2,5 м;
  • Стационарен сообраќај:
    • Паркиралишта со површина од 5.550 м2;
    • Паркиралиште кај аеродром со површина од 3.200 м2.

Изградбата на современа и квалитетна инфраструктура во СРТЦ Пониква, игра значајна улога во создавањето на услови за подолг престој и зголемување на бројот на домашни и странски туристи. Центарот за развој на Источен плански регион уште од почетокот на своето постоење работи интензивно на создавање на услови за поинтензивен и динамичен развој на регионот и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните со посебен акцент на СРТЦ Пониква да добие физиономија на уредена туристичка населба.

Крајниот рок за извршување на услугата е  07 септември 2015 година.