ЈАВНА РАСПРАВА по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот плански регион (нацрт)

Врз основа на член 69 од Законот за животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13, 187/13 и 42/14) и Уредбата за учество на јавноста во текот на изработка на прописи и други акти, како и планови и програми од областа на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/08 и 45/11),  Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад во Источниот плански регион организира

ЈАВНА РАСПРАВА

по Нацрт Извештајот за стратегиска оцена на животната средина од спроведување на Регионалниот план за управување со отпад за Источниот плански регион (нацрт)

Повеќе...

Подготовка на физибилити студии за развој на ски туризмот во планинските области на Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија

Унапредување на прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија, 
ПОЧЕТОК НА ПРОЕКТОТ „Подготовка на физибилити студија за развој на ски туризмот во планинските области на Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија-GetReadyforSkiing.

Центарот за развој на Источен плански регион– Штип, З.Г. ”Каменица - САСА”, Македонска Каменица и општинскиот центар “Горѓи Тодоров-1885”од Белица, започнаа со спроведување на проектот “Подготовка на физибилити студија за развој на ски туризмот во планинските области на Белица, Бугарија и Македонска Каменица, Македонија”, со крајна цел поддршка и развој на скитуризмот во општинитеБелица, Бугарија и Македонска Каменица, Кочани и Крива Паланка, Македонија.

Повеќе...

Повик за предлози за Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион

Програмата за зачувување на природата објавува Повик за предлози за Едукативен центар за зачувување на природата во Брегалничкиот регион.

Преземете: Насоки за аплицирање | Формат за проектен концепт

 

Соопштение за јавен увид по Извештајот за стратегиска оцена за ж.средина за Регионалниот план за отпад

Соопштение за јавен увид по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина по Нацрт-Регионалниот план за управување со отпад за Источен плански регион.

 

Потпишан Договор за Набавка и транспорт на ПЕ коругирани цевки за Продолжување на изградба на колектор за отпадни води на р. Брегалница во Делчево-сервиска зона Долни бавчи – II фаза

На ден 28.05.2014 година, во просториите на Центарот за развој на Источен плански регион, помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и Трговско друштво за производство, трговија, услуги и транспорт КОД-ИНЖЕНЕРИНГ ДООЕЛ Струмица се потпиша Договорот за Набавка и транспорт на ПЕ коругирани цевки за фекална канализација за Продолжување на изградба на колектор за отпадни води за град Делчево од десна страна на р. Брегалница од Делчево-сервиска зона Долни бавчи – II фаза.

Повеќе...

Одбележување на Меѓународниот ден на биолошката разновидност во Македонија

Со цел да се зголеми разбирањето и свеста во врска со биолошката разновидност, 22 мај е прогласен за Меѓународен ден на биолошката разновидност од страна на Обединетите нации, и се прославува во целиот свет за да се одбележи усвојувањето на Конвенцијата на 22 мај 1992 година. Оваа година темата на денот на биолошката разновидност е така наречениот „Островски биодиверзитет" кој се однесува на уникатните екосистеми кои често се состојат од бројни ендемични растителни и животински видови, а претставуваат незаменливи богатства.

Повеќе...

Започна изградбата на мултифункционелен културен центар

На 16 мај 2014 година (петок) во општина Виница и официјално се започна со градежните активности за реконструкција и пренамена на старата „Турска бања“, во значаен мултифункционелан културен центар. Градоначалникот на општина Виница, Г-дин Емил Дончев и Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Драгица Здравева,  заеднички го официјализираа стартот на првите градежни активности, за кои е ангажирана градежната фирма ДПТГУ “Дама-2”ДОО, Виница.

Повеќе...

Потпишан Договор - Пренамена и реконструкција на „Tурска бања“ во општина Виница

Центарот за развој на Источен плански регион на 9 Мај 2014 година (петок) потпиша Договор со ДПТГУ ДАМА - 2 Доо Виница за реконструкција и пренамена на постојниот објект “Турски бањи”, во значаен културен центар. Во сутеренот на објектот е предвидена галерија за организирање на изложби и  експонати од Виничко Кале, со уреди за видео надзор на археолошкиот локалитет Виничко Кале.

Повеќе...

Страница 24 од 35