Потпишан Договорот за Реализација на проекти во Источен плански регион за 2014 година
Согласно Одлуката за доделување средства за финансирање на проекти за развој на планските региони во 2014 година (Сл. Весник на РМ бр. 23 од 31 јануари 2014 година), на 13 февруари 2014 година во просториите на Бирото за регионален развој, осумте Центри за развој на планските региони ги потпишаа Договорите за реализација на проекти во 2014 година. Договорите беа потпишани од страна на Раководителите на осумте центри за развој на планските региони и Министерството за локална самоуправа – БРР застапувано од Директорот Џемаил Ељмази.