Одржан втор состанок на Надзорениот комитет за проектот „Зајакнување на административните капацитети на централно и локално ниво за имплементација и спроведување на легислативата за управување со отпад“.

На 25.02.2011 година во просториите на Министерство за животна средина и просторно планирање се одржа 2 (втор) состанок на Надзорниот комитет за проектот „Зајакнување на административните  капацитети на централно и локално ниво за имплементација и спроведување на легислативата за управување со отпад“.

Повеќе...

Kоординативна средба во врска со одобрениот Проект „Балканска велосипетска патека“

На 25.02.2011 година во Благоевград, Р. Бугарија се одржа првата координативна средба во врска со одобрениот Проект од страна на Европската Комисија „Балканска велосипетска патека“ во кој Центарот за развој на Источниот плански регион се јавува како партнер заедно со  Бугарија, Грција, Романија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион. Целта на Проектот е да се дефинира  велосипедската патека во рамките на  „Патеката на железната завеса“, во пограничните  региони од Р.Македонија, Р.Бугарија, Р. Грција и Р.Романија. Патеката влегува во Р. Македонија низ граничниот премин кај Делчево,  продолжува преку низински предел кон  Пехчево и Берово,  потоа продолжува кон Струмица за на крај преку Босилево да премине во општина  Ново Село и излезе од  Македонија на истоимениот граничен премин.

Повеќе...

Состанок за можностите за алицирање на СПА грант програмата

На 28.01.2011 година претставник од Центарот за развој на Источниот плански регион и претставник од Мировниот корпус во просториите на општина Кочани одржаа координативен состанок со претставници на општина Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево и претставник од Кластерот за ориз, на кој се разгледаа можностите за алицирање на СПА грант програмата финансирана од Американската агенција за мегународен развој. Целта на состанокот беше разгледување на Проектната Идеја за подигнување на јавната свест преку организирање на работилници на оризопроизводителите, преработувачите на ориз, извозниците на ориз како и зајакнување на капацитетите на Кластерот за ориз.
 

Oдржана Јавна расправа за ,,Физибилити Студија за изградба на мини акумулација на река Косевичка.”

На ден 13.01.2011 година во просториите на општина Македонска Каменица се одржа Јавна расправа за ,,Физибилитии Студија за изградба на мини акумулација на река Косевичка.” Физибилити студијата за изградба на мини акумулација на река Косевичка, е изработена од страна на Хидро-Енерго Инжинеринг ДОО Скопје и беше детално презентирана од страна на Г-дин Ангел Панов член на експертскиот тим за изработка на студијата.

Повеќе...

Промоција на проектот„Еко патека за поврзување на Лесново, општина Пробиштип со Пантелеј, општина Кочани“

alt

На 23.12.2010 година Центарот за развој на Источниот плански регион и партнерите во проектот: Општина Пробиштип и Општина Кочани во Злетово на локалитетот Подпешки ја промовираа реализацијата на Проектот „Еко патека за поврзување на Лесново, општина Пробиштип со Пантелеј, општина Кочани“.

Повеќе...

Промоција на проектот „Интегрирана туристичка понуда долж ИЦТ“

altНа 17.12.2010 година во месноста Јуовец во Берово се одржа промоција на проектот „Интегрирана туристичка понуда долж ИЦТ“.  Имајки во предвид дека дел од патеката на Железната Завеса минува и низ нашиот регион, мора да потенцираме дека се отвараат нови можности за промоција на природните убавини и реткости  во микрорегионот Пијанец-Малеш, а со тоа и на целиот регион.

Повеќе...

Отпочна со реализацијата проектот „Изградба на колекторски систем с. Митрашинци“

altНа 30  септември 2010 година (четврток), од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион е направена посета на локацијата за отпочнување со реализацијата на проектот „Изградба на колекторски систем с. Митрашинци“ со цел да се воведе во работа од страна на Надзорниот орган Изведувачот на работите „Аквамонт-инг“ и одбележи официјалното отпочнување со градежни работи на овој колекторски систем. Овој проект е одобрен за финансирање од Бирото за регионален развој од средствата за  2009 година. Градежните работи се во тек и се очекува да се завраши до крајот на месец декември оваа година.
 

Страница 31 од 35