Проекти реализирани во 2010 и 2011 година од Програмата за развој на планските региони за 2009 година

Согласно Одлука на Владата на Република Македонија бр. 19-6333/1 од 15 декември 2009 година за доделување на средства за финансирање на проекти за развој на планските региони за 2009 година. ( Службен весник на Република Македонија бр.150 од 17 Декември 2009 година) и Договорот за реализација на проекти во Источен плански регион склучен помеѓу МЛС – БРР и Центарот за развој на Источен плански регион од 18.12. 2009 година, во партнерство со засегнатите општини од регионот, Центарот во 2010 и 2011 година ги реализираше следните проекти:

Повеќе...

„Геотермална енергија во Македонија – Кочанска депресија“

На ден 31 март 2011 година во општина Кочани под покровителство на Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, во хотелот „Национал“ Кочани се одржа презентација под наслов „Геотермална енергија во Македонија – Кочанска депресија“. Целта на презентацијата е да ги промовира геотермалните потенцијали во Р. Македонија, со посебен акцент на Кочанската Котлина и условите што  ги нуди Општина Кочани за инвестирање во искористувањето на геотермалните води. Претставување  од областа на геотермалната енергија  имаа професори од Универзитетите „Свети Кирил и Методиј“ Скопје и „Гоце Делчев Штип“, чии трудови беа составен дел на трудот со под наслов „Геотермална енергија во Македонија – Кочанска депресија”.

Работилница за дефинирање на патеката на желзната завеса во Источниот плански регион

На 25 март 2011 година во општина Пехчево се одржа состанок во врска со Проектот  „The Balkan Velo Trail – BVT-13”, на кој се дискутираше за идните активности кои треба да бидат превземени од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион и партнерските општини  за претстојната работилница која ќе се одржи во Сандански-Р.Бугарија. Центарот за развој на Источниот плански регион во овој Проект се јавува како партнер заедно со  Бугарија, Грција, Романија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Повеќе...

Јавна расправа за физибилити Студијата во месноста Арамиска чешма

На ден 24.03.2011 година во хотел  "Национал" се одржа јавна расправа заизработената физибилити студија со идејно решение за изградба на мала акумулација во месноста Арамиска чешма .Физибилити студијата ја презентираше Влатко Димитровски од консалтинг куќа Чакар & Партнерс како дадена проектна задача од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион. По одржаната презентација од присутните во салата се разви богата дискусија при што дискутантите дадоа свои согледувања и забелешки. На дел од нив изработувачот даде одговор а дел остана дополнително да се изјасни писмено, односно прифатливите да се вметнат во самата Студија.

Презентација на проектот „Сигнализација и сигналитика на туристички локалитети во микрорегионот Пијанец-Малеш“.

На 18 март 2011 година општина Делчево беше домакин  на финалната презентација на проектот „Сигнализација и сигналитика на туристички локалитети во микрорегионот Пијанец-Малеш“. Носител на проектот е Проектот е Центарот за развој на Источен плански регион, а партнери општините Делчево, Пехчево и Берово.  Финансиските средства потребни за реализацијата на проетот беа обезбедени од МЛС- Бирото  за регионален развој (Програмата за рамномерен и одржлив регионален развој за 2009, Програмата за атрактивни плански региони за 2009) со 73,5% и буџетите на трите вклучени општини со 26,5%, од вкупниот буџет на проектот, кој изнесува 1.330.000 денари. 
Повеќе...

Одржан состанок по повод проектот „Градење на капацитетите за имплементација за индустриската политика“

На 15 март 2011 година Министерството за економија во соработка со Министерството за локална самоуправа одржа состанок за: Kонсултации за подготовка на ТОР за ИПА проектот „Градење на капацитетите за имплементација за индустриската политика“. Состанокот се одржа во Министерството за економија.  Имено, Министерството за економија поднесе апликација за ИПА проектот кој е прифатен и има за цел да ја поддржи инплементацијата на проактивна индустриска политика во сите фази и области на интервенција преку две компоненти:

Повеќе...

Состанок за Проектот „The Balkan Velo Trail – BVT-13”,

На 11 март 2011 година во општина Делчево се се одржа состанок во врска со Проектот  „The Balkan Velo Trail – BVT-13”, на кој се дискутираше за идните активности кои треба да бидат превземени од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион  и партнерските општини од Источниот плански регион за претстојната работилница која ќе се одржи во Сандански-Р.Бугарија. Центарот за развој на Источниот плански регион во овој Проект се јавува како партнер заедно со  Р.Бугарија, Р. Грција,Р. Романија и Центарот за развој на Југоисточниот плански регион.

Повеќе...

Врачена „Студијата за одржлив развој на органско земјоделско производство во Источниот плански регион”

На 04 март 2011 година во просториите на Универзитетот  “Гоце Делчев” Штип на свечен начин од страна на Ректорот на универзитетот  Д-р Саша Митрев на Градоначалниците од регионот им беше врачена „Студијата за одржлив развој на органско земјоделско производство во Источниот плански регион”.

Повеќе...

Страница 30 од 35