Обука за Управување со проекти (проектен менаџмент) и развој за институциите кои нудат поддршка на бизнис секторот и локалните власти од проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст”

altЦентарот за развој на Источен плански регионШтип, во рамките на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст 2007CB16IPO007-2009-1-12, проект финансиран од страна на Европската унија, IPA Cross-Border Programme CCI Number 2007CB16IPO007, и се импелментира на територија на Источниот плански регион во Р. Македонија и Областа Благоевград од Р.Бугарија на 09-10 Декември, 2011 година, во хотел Изгрев, Штип одржа

Повеќе...

ГРАДЕЊЕ НА ПАРТНЕРСКА МРЕЖА МЕЃУ ИНСТИТУЦИИТЕ КОИ НУДАТ ПОДДРШКА НА БИЗНИС СЕКТОРОТ, МАЛИ И СРЕДНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЛОКАЛНИТЕ ВЛАСТИ

altВо рамките на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст”, финансиран од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија и Р.Македонија, во Штип од 11-12.11.2011 година, се одржа првата Контактна средба за градење партнерска мрежа за соработка помеѓу Институциите кои нудат поддршка на бизнис секторот во прекуграничниот регион. Основна цел на проектот е подобрувањето на бизнис климата во овој регион преку унапредување на бизнис соработката на компаниите како и преку развој на нови бизнис услуги и иновативен начин на промоција на компаниите.

 
Повеќе...

Прес-конференција за проектот „Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст“

 altЦентарот за Развој на Источен Плански Регион – Штип, на 09 Ноември, 2011 година, во хотел “ОАЗА”, Штип ја одржа првата прес-конференција за проектот:  

„Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст“, 2007CB16IPO007-2009-1-12, проект финансиран од ИПА, Програма за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија 2007-2013, CCI Number 2007CB16IPO007.
Повеќе...

Унапредување на прекуграничната сорботка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија

Центарот за развој на Источен плански регион – Штип започна со имплементирање на проектот “Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст” со крајна цел подобрување на бизнис климатата во прекуграничниот регион помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија. Проектот има за цел да ја подобри бизнис соработката  преку развој на бизнис услуги, маркетинг на малите и средни претпријатија и подобрување на пристапот до информации и консултантски услуги во прекуграничниот регион.
Повеќе...

Промотивен ден на Источниот плански регион

alt19 декември Ден на градот – Патрон на општина Штип, Центарот за развој на Источниот плански регион заедно со 11 општини од регионот, овој ден го прогласи и за „Промотивен ден на Источниот плански регион“. Во Штип сите 11 општини ги претставија своите потенцијали пред граѓаните од Штип и регионот како и можните инвеститири.

Изложениот пишан промотивен материјал, археолошките антиквитети, традиционалната храна и пијалоци, традиционалните ракотворби како и производи од производните капацитети од регионот беа презентирани пред присутните на настанот.
Повеќе...

Саем на трудот

altНа 17 и 18 декеври 2011 година во организација на МЛС и Центарот за развој на Источниот плански регион во чиј состав влегуваат 11 општини од регионот во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Министерството за економија, Стопанската комора на Република Македонија, Агенцијата за вработување на Република Македонија, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, општина Штип и Советот за развој на Источниот плански регион се одржа држа првиот „Саем на трудот“ на локација Безистен - Штип. 

Настанот го отвори Заменик Министерот за локална самоуправа г-дин Сашо Лазаровски.
Повеќе...

Реизбран Градоначалникот на Кочани Г-дин Ратко Димитровски за Претседател на Советот за развој на Источен плански регион.

На 21 та редовна Седница на Советот за развој на Источен плански регион одржана на 31.08.2011 година во општина Пехчево како една од точките на дневен ред беше и избор-реизбор на нов Претседател на Советот за развој на Источен плански регион. 

Како единствен кандидат за оваа позиција, од страна на Градоначалникот на општина Пехчево Г-дин Јованчо Станоевски беше предложен Градоначалникот на општина Кочани, Г-динот Ратко Димитровски кој и досега ја вршеше оваа функција. Предлогот беше ставен на гласење и едногласно усвоен односно динот Ратко Димитровски беше реизбран и неговиот мандат ке трае во наредните две години.
Повеќе...

Страница 29 од 35