Студиско патување во Разлог Р. Бугарија

altНа 23-25 септември 2010 година, се реализира Студиско патување во Разлог Р. Бугарија на кое учествуваа градоначалниците на Источниот и Југоисточниот плански регион како и Раководителите на Центарот за развој на Источниот и Југоисточниот плански регион. Студиското патување беше во организација на ГТЗ и Здружението на Југозападните општини од Р.Бугарија. Студиското патување „Регионален економски развој преку Регионален менаџмент” е од особено значење, имајќи го во предвид искуството на партнерите од Р. Бугарија во имплементацијата на проекти финансирани од евроипските фондови.

Повеќе...

Центарот за развој на Источниот плански регион склучи договор за изведување на градежни работи со „Бауер-БГ ДОО Скопје

altНа 17 септември 2010 година (петок) ,во просториите на општина Кочани, Центарот за развој на Источниот плански регион склучи договор за изведување на градежни работи со „Бауер-БГ ДОО Скопје за отпочнување со реализација на проектот: Асвалтирање на патен правец с. Панталеј- с. Рајчани, општина Кочани со повразување на с. Турско Рударе, Општина Пробиштип, по претходно спроведена постапка за доделување на договор за Јавна набавка. Овој проект е еден од 9 (деветте) проекти на ЦРИПР одобрени за финансирање од страна на Бирото за регионален развој за 2009 година, а се финансирани во 2010 година.
 

Регионална ТВ мрежа во Источниот и Југоисточниот плански регион

На 15 септември 2010 година (среда), се оддржа работен состанок во просториите на факултетот за Информатика на Универзитетот “Гоце Делчев”- Штип. Состанокот беше во организација на ГТЗ- Канцеларијата во Штип, а од страна на Центарот за развоју на Источниот плански регион присуствуваше Раководителот Г-ѓа Драгица Здравева.На состанокот се дефинираа насоките за спроведување на проектот „Регионална ТВ мрежа во Источниот  и Југоисточниот плански регион”. Прокектот се имплементира во координација со Центрите за развој на Источен и Југоисточен плански регион, медиумите од двата региона и  со  финансиска поддршка од ГТЗ РЕД Програмата за регионален економски развој  во Р. Македонија.
 

Јавна расправа за „Студија за можности за регулација на река Брегалница (мини акумулации, брани, каскади)“,

Центарот за развој на Источниот плански регион на 14-ти Септември во големата сала на општина Штип одржа јавна расправа за „Студија за можности за регулација на река Брегалница (мини акумулации, брани, каскади)“, на која присуствуваа градоначалници од Источниот плански регион, претставници од Министерство за локална самоуправа, Министерство за економија, професори од факултетите од УГД, претставници од повеќе канцеларии за развој, претставници од НВО секторот, стручни лица од оваа проблематика, како и претставници од „Урбан рурален консалтинг - Скопје “ кои на јавниот повик беа избрани за изработка на Студијата.

Повеќе...

Меморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источниот Плански Регион и Стопанска Комора за Туризам на Република Македонија

altМеморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источниот Плански Регион и Стопанска Комора за Туризам на Република Македонија

На 28.07.2010 година во просториите на Центарот за развој на Источниот плански регион се потпиша „Меморандум за соработка помеѓу Центарот за развој на Источниот Плански Регион и Стопанска Комора за Туризам на Република Македонија“.

Повеќе...

Поддржување на самовработување на жени и млади

altНа 19.07.2010 година во Општина Македонска Каменица се одржа промоција на завршениот проект со Илинка Митевска производител на рачно изработени теписи по претходно доделени локални субвенции на Центарот за развој на Источниот плански регион од средствата на проектните фондови на ГТЗ РЕД за реализација на проектните активности од проектот  „Поддржување на самовработување на жени и млади“. Центарот за развој на Источниот плански регион склучи Договор со првонаградената Илинка Митевска од Општина Македонска Каменица за спроведување на мерките и активностите согласно доставениот и одобрениот Бизнис план. Вкупно доделените средства изнесуваат 194 592,00 денари.

“Поврзување и здружен настап преку кластер за ориз“

altНа 14.07.2010 година  во општина Чешиново-Облешево, Ресторант „Амбасадор“-Облешево, се одржа Работилница на тема: “Поврзување и здружен настап преку кластер за ориз“ организирана од страна на општина Чешиново-Облешево во соработка со Здружението на земјоделци  „Агро Стимул“. На работилницата се покрена иницијатива за формирање на Национален Совет за ориз и поврзување и здружен настап на сите учесници во ланецот за ориз со следните активности:

Повеќе...

Одржан редовен работен состанок со Претседателот на Република Македонија Г-дин Ѓорѓе Иванов

altНа 27.07.2010 година се одржа редовна работна средба помеѓу Претседателот на Република Македонија Г-дин Ѓорѓе Иванов и Градоначалниците од Источниот плански регион. Работната средба се одржа во Претседателската резиденцијата.

Повеќе...

Работилница на тема „Регионален Маркетинг“

altЦентарот за развој на источниот плански регион во соработка со ГТЗ РЕД програмата за регионален развој во Македонија одржаа работилницата на тема „Регионален маркетинг„.
Работилницата се одржа во хотелот Оаза во Штип. Работилницата се одржуваше од 21-23-ти јуни со утврдување на брендови преку кои истокот може да се претстави и да креира стратегија за регионален маркетинг.

Повеќе...

Страница 32 од 35