Потпишан договорот за реализација на проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во Штип

Потпишан договорот за реализација на проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во ШтипНа 12 јуни 2020 година, во просториите на општина Штип се потпиша Договор помеѓу Центарот за развој на Источен плански регион и Коле транс од Штип за изведба на работите за проектот „Подобра инфраструктура за подобри услуги – Креирање на сообраќајно решение за надминување на сообраќајниот метеж во Источен плански регион“ во Штип.

Повеќе...

Потпишување на договор за изведба за проект „Културен мост низ вековите“ за јавен повик „Конзервација и реставрација на црква „Св.Власие“ - Археолошки локалитет Штип

\Конзервацијата и реставрацијата на црквата „Св. Власие“ се реализира од страна на Центарот за развој на Источен плански регион во рамки на проектот „Културен мост низ вековите“, финансиран од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија - Македонија.

Повеќе...

Започна реконструкцијата на културниот дом „Тошо Арсов“ во Виница

Центарот за развој на Источен плански регион и надзорниот инженер од МЦ-Инженеринг од Виница на 13 мај 2020 година го воведоа во работа изведувачот Техника ДООЕЛ Радовиш, со што и официјално започна реконструкцијата на културниот дом „Тошо Арсов“ во општина Виница.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад

Центарот за развој на Источен плански регион, врз основа на член 42 став (3) од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (,,Службен весник на Република Македонија’’ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија’’ бр.101/19 и 275/19)  и Одлуката за давање на согласност на одлуката за спроведување на постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад, донесена од Претседателот на Советот за развој на Источен плански регион, бр.02-165/2 од 22.04.2020 година, а во согласност со член 72 став 3 од Законот за управување со отпадот („Службен весник на РМ“ бр. 68/04, 71/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15, 39/16 и 63/16 и „Службен весник на РСМ“ бр. 31/20) објавува јавен повик за избор на  правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, складирање, третман и/или преработка на отпад.

Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движната ствар предмет на јавниот повик - остатоци од патничко моторно возило, учесник во сообраќајна несреќа и истите да ги транспортира и третира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.

Движните ствари се наоѓаат во кругот на филтер станицата на ЈП Исар,  населба Баби – Штип .

Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои ги исполнуваат условите утврдени во Инструкциите за јавниот повик.

Подетални информации  за предметот на јавниот повик може да се добијат секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот од лицето Емил Василев – Координатор за регионален развој, телефон 078/474-125, електронска пошта emil.vasilev@eаstregion.mk.

Лице за контакт во врска со јавниот повик е Силвана Благонова – Координатор за нормативна дејност, јавни набавки, финансиски и општи работи, телефон 078/439545, електронска пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Подетални информации за движните ствари, како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се преземе електронски, преку следниот линкови:

Краен рок за доставување на пријавите за учество е 08.05.2020 година до 14:00 часот.

Комисија за движни и недвижни ствари
Претседател
Емил Василев

Завршен проектот „Изградба на Етно парк – Зрновци фаза 2“

Центарот за развој на Источен плански регион заврши со имплементација на активностите за  реализација на проектот "Изградба на етно парк Зрновци фаза II" финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година.

Средствата за реализација на овој проект се во висина од околу 3.600.000,00 денари и се обезбедени од Министерството за локална самоуправа - Биро за регионален развој со дополнително кофинансирање од Општина Зрновци.

  

Резултати од успешно реализираниот проект “Зелени згради за заедничка зелена иднина - ГРЕЕН” CB006.1.11.038

Во периодот октомври 2016 - октомври 2018 година, Центарот за развој на Источен плански регион го реализираше проектот “Зелени згради за заедничка зелена иднина-ГРЕЕН” CB006.1.11.038, финансиран од Првиот повик на Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

Целта на проектот беше преку заеднички напори да се даде придонес во подигање на свеста кај населението во сите сфери, за важноста на климатските промени и подобрување на животната средина преку намалување на емисиите на стакленички гасови. Во текот на реализација на проектот низ серија на најразлични и атрактивни активности се даде придонес во стекнување на нови знаења за успешно искористување, зачувување и управување со природните ресурси а со тоа и подобрување на целокупниот квалитет на живот на населението во прекуграничниот регион.

Повеќе...

Увид во градежни работи за проект „Изградба на Етно парк – Зрновци фаза 2“

Центарот за развој на Источен плански регион ги привршува активностите за успешна реализација на проектот "Изградба на етно парк Зрновци фаза II" финансиран од Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година.

Повеќе...

Втора форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 13.02.2020 (четврток) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

Центарот за развој на Источен плански регион заедно со Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој и соработка во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој “ ја отпочна втората фаза на Регионални форуми на заедницата.

Повеќе...

Прва форумска сесија од програмата „Регионални форуми во заедницата“, оддржана на 06.02.2020 (четврток) во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“

Во рамките на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ финансиран од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската Агенција за развој и соработка, Центарот за развој на Источен плански регион започна со реализација на вториот циклус на регионални форумски сесии во рамки на отворената Грантова шема за инвестициски проекти на планските региони во областа на социјалната инклузија за 2020 година.

Повеќе...

Страница 2 од 35