Воведување на работа за проект „Изградба, уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница“

На ден 15.07.2019 година во општина Берово се означи почетокот на градежните работи за реализација на проектот „Изградба, уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница“.

Повеќе...

Потпишан Договор за реализацијата на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“

Официјалната церемонија за доделувањето на договорите по вториот повик за предлог проекти на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија се одржа на 12 јули 2019 година во зградата на Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија, Бугарија.

Повеќе...

Одржана работилница „Основни принципи и компоненти на еко туризмот“

Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Повеќе...

Потпишан договор за реализација на проект „Изградба, уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница во Берово“

На 8 јули 2019 година во Салата на Советот на општина Берово се потпиша договорот со избраниот најповолен понудувач Градежник ИНГ ДООЕЛ Берово за реализација на проектот „Изградба, уредување и осветлување на пешачко-велосипедска патека на река Брегалница во Берово“.

Договорот за реализацијата на проектот во општина Берово, раководителот на Центарот го потпиша во присуство на градоначалникот на општина Берово Звонко Пекевски.

Повеќе...

Обучени компании од Источен плански регион на РСМ и менторска поддршка на МСП во рамки на проектот „Акцелератор на знаења за МСП“ МЕКА

Проектот „Акцелератор на знаења за мали и средни претпријатија“ МЕКА е финансиран од Европската Унија преку секторот за Централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД) - Министерство за финансии на Република С.Македонија, договорот за доделување на субвенции во рамките ИПА Национална програма за транзициска помош и градење на институциите 2013, Грантова шема “Grant scheme for implementation of projects for increasing the competitiveness of the beneficiary country “- EuropeAid/138495/ID/ACT/MK, спроведуван од Фондацијата за локален развој и развој на Информатички Технологии – Гевгелија во партнерство со Организација на жени – Штип.

Повеќе...

Јавен повик за поддршка на старт-ап бизниси за развој на еко-туризам и промоција на Источен плански регион како туристичка дестинација

Референтен број  05-287/2

Центарот за развој на Источен плански регион објавува повик за млади невработени лица со постојана адреса на живеење во општините во рамки на Источниот плански регион, кои имаат претприемнички дух и визија за започнување на сопствен бизнис.

Целта на Јавниот повик е да се зајакне соработката со приватниот сектор преку поддршка на старт-ап бизнис идеи поврзани со развој на еко туризам и промоција на регионот како туристичка дестинација, во согласност со Стратегијата за развој на туризам во Источен плански регион со Акционен план 2016-2025).

Постапката за избор на бизнис идеите ќе се одвива во фази. Во првата фаза заинтересираните апликанти електронски треба да ги достават концептите за бизнис идеи, со краток опис на бизнис идејата, локацијата каде истата ќе се реализира, како и потенцијалните корисници на услугата или производот кој се предложува.

За најдобрите бизнис идеи ќе се овозможи техничка поддршка (обука за подготовка на бизнис план и водење на бизнис). Селектираните апликанти заедно со експертите ќе разработат бизнис план и детален опис на бизнис идејата.

Во втората фаза на селекција ќе бидат избрани 15 разработени бизнис планови кои ќе добијат финансиска поддршка за реализација.

За да бидат подобни за финансирање, предложените бизнис идеи мора да се реализираат на територијата на Источниот плански регион.

Јавниот повик е отворен до 30.08.2019 година до 14 часот, до кога сите заинтересирани апликанти треба да ги поднесат своите бизнис концепти до Центарот за развој на Источен плански регион.

Реализацијата на бизнис идеите во рамките на овој Јавен повик се поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија - фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Вашите бизнис идеи можете да ги поднесете тука.

Повеќе информации за Јавниот повик можете да најдете на следниот линк.

Воспоставување на етно-еко парк во општина Чешиново-Облешево

Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Општина Чешиново-Облешево продолжува со спроведување на активности преку Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка.

Повеќе...

Eднодневна регионална Koнференција „Партнерство за забрзана децентрализација, инклузивен и одржлив развој“

Еднодневната регионална Конференција„ Партнерства за забрзана децентрализација, инклузивен и одржлив раст“ се одржа на 7-ми јуни во хотел Оаза Штип.

Во рамки на проектот „Унапредување на општинското владеење“ финансиран од Европска Унија, а имплементиран од УНДП во партнерство со Министерство за локална самоуправа и Министерство за финансии се организираа три регионални конференции со цел да се отвори дискусија за прашања поврзани со децентрализација и локалниот развој.

Повеќе...

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛОЗИ НА ЗДРУЖЕНИЈА ЗА ИМПЛЕМЕНТИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ЗА ОДРЖЛИВО КОРИСТЕЊЕ НА ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ ВО СЛИВНОТО ПОДРАЧЈЕ НА РЕКА БРЕГАЛНИЦА

Референтен број 05-229/2

Центарот за развој на Источен плански регион објавува повик за учество на Здруженија кои се регистрирани во хидролошкото сливно подрачје на реката Брегалница согласно Законот за здруженија и фондации, кои имаат активен статус и имаат претходно искуство во спроведување на проектни активности во областа на одржливо управување со природните ресурси.

Целта на Јавниот повик е преку реализација на проекти да се поттикне одржливо користење на природните ресурси во регионот, односно кон воспоставување и практикување на одржливо користење на геодиверзитетот, геонаследството, биолошката и пределската разновидност, преку употреба на традиционани знаења, иновации, најдобри практики.

За да биде подобен за финансирање, предложениот проект мора во целост да се реализира во област која физички е дел од хидролошкото сливно подрачје на реката Брегалница.

Јавниот повик е отворен до 03.07.2019 година до 15 часот, до кога сите заинтересирани апликанти треба да ги достават потребните документи до просториите на Центарот за развој на Источен плански регион.

Реализацијата на проектните концепти од овој Јавен повик се поддржани од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија - фаза 2, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC).

Документи за аплицирање (Пријава за грант, Концепт за јавен повик за предлози за мали проекти, Буџет)

Страница 6 од 35