Завршна прес конференција за Проектот Малеш

Центарот за развој на Источен плански регион – Штип и Бизнес Информативниот и Консултантски Центар – Сандански на 20 Јануари 2014 година (понеделник) во општина Сандански, Република Бугарија одржаа завршна прес конференција за претставување на резултатите на проектот “Промоција и заштита на биодиверзитетот на Малешевските планини - МАЛЕШ“, проект финансиран од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија 2007 - 2013, Инструмент за претпристапна помош CCI Number 2007CB16IPO007.

Повеќе...

“Седум години неуспешна реализација на регионални депонии во Р. Македонија”

Согласно заклучокот од 177-та седница на Влада на Република Македонија од 24.12.2013 година, на 22 јануари 2014 година, во организација на  Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС, , во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија и Министерството за локална самоуправа на Република Македонија, во прсториите на ЗЕЛС, се  одржа советување на тема  „Седум години неуспешна реализација  на регионални депонии во Република Македонија“.

Повеќе...

“РАТКОВА СКАЛА” - ПРИРОДНА РЕТКОСТ

 

Во кабинетот на градоначалникот на општина Пробиштип, на 10 февруари 2014 година се одржа работна средба со претставници од  Министетрството за животна средина и просторно планирање, претставници од Македонското еколошко друштво и Центарот за развој на Источен плански регион. На средбата се расправаше по основ на веке отпочнатата активност за преиспитување на  можностите и придобивките од прогласувањето на “Раткова Скала” за подрачје со природна реткост или заштитено подрачје - споменик на природата или парк на природата.
 
Повеќе...

Информација за медиуми

Во перидот од 21 до 25 октомври, во градот Ерзурум, Турција, се одржа средба за евалуација на мрежата СЕЕНОРДА / SEENORDA, во рамките на програмата Млади во Акција. СЕЕНОРДА (south east European network of regional development agencies) е мрежа на агенции кои се занимаваат со регионален развој, а доаѓаат од регионот на југоисточна Европа (ЈИЕ), и тоа од следниве држави: Македонија, Турција, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска (во наредниот период се очекува приклучување на агенции од Србија, Романија, Молдавија и Грција).

Повеќе...