″Македонија земја на цвеќето –Земја на розата″
На 30 јануари 2014 година во МЗСПП се одржа состанок со Раководителите на 8-те Центри за развој на планските региони во врска со кампањата ″Македонија земја на цвеќето –Земја на розата″. Оваа кампања, која во изминатата 2013 година успешно се спроведе на ниво на град Скопје , продолжува и оваа 2014 година на национално ниво по повод Денот на пролетта, 21 март под наслов ″Македонија земја на цвеќето –Земја на розата″ чија цел е засадување на садници на рози на булеварите и на другите зелени јавни површини.


Градоначалникот на општина Македонска Каменица г-дин Дарко Митевски. Проектот PPP4Broadbend е финансиран од транснационалната програма за Југоисточна Европа, каде Центарот за развој на Источен плански регион и Центарот за Знаење од Р. Македонија се јавуваат како партнери помеѓу останатите 10 партнерски институции/организации ширум Југоисточна Европа.
Во рамките на планираните активности кои се спроведуваат за имплементација на проектот за Воспоставување на регионално планирање и Географско информационен систем во општините од Источен плански регион на 26 и 27 март 2014 година во општина Чешиново - Облешево претставниците од фирмата КАЛИОПА од Р. Словенија одржа работилница со стручните и одговорни лица од сите 11 (единаесет) општини во состав на регионот за продолжување на активностите предвидени со проектот.