Реконструкција на турска бања во општина Виница

Согласно Договорот за реализација на проекти во Источниот плански регион во 2014 година, Центарот за развој на Источен плански регион на 21 февруари 2014 година (петок) го потпиша Договорот со општина Виница за заедничка реализација на проектот, “Промоција  на богатството на разликите и зачувување на културно-историското наследство во функција на регионалниот развој”. Договорот се потпиша од страна на Раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион, Г-ѓа Драгица Здравева и Градоначалникот на општина Виница, Г-дин Емил Дончев.

 

Повеќе...

Претставување на „Нацрт плановите за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“

На 10-ти и 11-ти април 2014 година во Скопје, Хотел Арка се одржа Дводневна работилница  за претставување на „Нацрт плановите за регионално управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион“.

Оваа работилница е дел од Проектот
„Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на животната средина за источниот и североисточниот регион“ (EuropeAid/130400/D/SER/MK). Проектот се спроведува од Конзорциумот составен од ENVIROPLAN S.A. од Република Грција (лидер) и C&E Consulting und Engineering GmbH (партнер) – BT Engineering Ltd од Република Бугарија (партнер).

Повеќе...

Промоција на регионални проекти подготвени во грантовата шема условена со перформанси (PBG)

На 20.03.2014 година (Четврток) во ресторан Воденица Мулино во Скопје со почеток во 12:00 часот се одржа промоција на регионалните проекти од 8 (осум) плански региони, што се подготвуваат во рамки на грантовата шема условена со перформанси во вкупен износ од 400.000 Eвра, финансиски поддржана од ГИЗ РЕД, Програмата за регионален економски развој во Македонија.

Повеќе...