Втор состанок на заедничката работна група

На 23 април 2014 година, во Скопје, се одржа вторa средба на Заедничката работна група (ЗРГ) за подготовка на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија-Р.Македонија 2014-2020 година.

Главна тема на средбата беше презентација  на Стратегијата на Програмата и преглед и разгледување и одобрување на тематските  приоритети.

Повеќе...

Просторен план на Источен плански регион

Програмата за зачувување на Природата во Македонија е Проект кој е финансиран од Владата на Швајцарската конфедерација. Како една од активностите за реализација на овој Проект е и изработка на Драфт Просторен План на Источниот плански регион, со што Источниот плански регион ќе биде прв регион во Република Македонија кој ќе има Просторен план.

Просторниот план на Источниот плански регион претставува разработка на Просторниот план на Република Македонија а има за цел:

Повеќе...

Соопштение за медиумите

Во перидот од 21 до 25 октомври, во градот Ерзурум, Турција, се одржа средба за евалуација на мрежата СЕЕНОРДА / SEENORDA, во рамките на програмата Млади во Акција. СЕЕНОРДА (south east European network of regional development agencies) е мрежа на агенции кои се занимаваат со регионален развој, а доаѓаат од регионот на југоисточна Европа (ЈИЕ), и тоа од следниве држави: Македонија, Турција, Бугарија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска (во наредниот период се очекува приклучување на агенции од Србија, Романија, Молдавија и Грција).

Повеќе...