Промоција на проектот „Интегрирана туристичка понуда долж ИЦТ“
На 17.12.2010 година во месноста Јуовец во Берово се одржа промоција на проектот „Интегрирана туристичка понуда долж ИЦТ“. Имајки во предвид дека дел од патеката на Железната Завеса минува и низ нашиот регион, мора да потенцираме дека се отвараат нови можности за промоција на природните убавини и реткости во микрорегионот Пијанец-Малеш, а со тоа и на целиот регион.

На 30 септември 2010 година (четврток), од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион е направена посета на локацијата за отпочнување со реализацијата на проектот „Изградба на колекторски систем с. Митрашинци“ со цел да се воведе во работа од страна на Надзорниот орган Изведувачот на работите „Аквамонт-инг“ и одбележи официјалното отпочнување со градежни работи на овој колекторски систем. Овој проект е одобрен за финансирање од Бирото за регионален развој од средствата за 2009 година. Градежните работи се во тек и се очекува да се завраши до крајот на месец декември оваа година.
На 23-25 септември 2010 година, се реализира Студиско патување во Разлог Р. Бугарија на кое учествуваа градоначалниците на Источниот и Југоисточниот плански регион како и Раководителите на Центарот за развој на Источниот и Југоисточниот плански регион. Студиското патување беше во организација на ГТЗ и Здружението на Југозападните општини од Р.Бугарија. Студиското патување „Регионален економски развој преку Регионален менаџмент” е од особено значење, имајќи го во предвид искуството на партнерите од Р. Бугарија во имплементацијата на проекти финансирани од евроипските фондови.
На 17 септември 2010 година (петок) ,во просториите на општина Кочани, Центарот за развој на Источниот плански регион склучи договор за изведување на градежни работи со „Бауер-БГ ДОО Скопје за отпочнување со реализација на проектот: Асвалтирање на патен правец с. Панталеј- с. Рајчани, општина Кочани со повразување на с. Турско Рударе, Општина Пробиштип, по претходно спроведена постапка за доделување на договор за Јавна набавка. Овој проект е еден од 9 (деветте) проекти на ЦРИПР одобрени за финансирање од страна на Бирото за регионален развој за 2009 година, а се финансирани во 2010 година.