“Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина”

altИмплементацијата на Проектот Сакај ја Македонија, уживај во својата татковина започна на 08.05.2010 година на Плоштад Македонија во Скопје во делот познат како лизгалиште и се одржува секоја сабота во периодот од 12,00 – 17,00 часот. На овој настан ќе се претставуват регионите со сите свои специфики, активности, можности, потенцијали и сл.

 Источниот плански регион своето претставување ќе го има во Сабота на 12.06.2010 година од 12,00 – 17,00 часот.

Повелете посетете не.

Повеќе...

Студиски престој во Словенија и Хрватска

altОд 9-16 Мај 2010 година во рамките на оперативната програма на ГТЗ за јакнење на капацитетите на регионално ниво за 2010 година – Мерки за јакнење на капацитетите за регионалните центри, ЛЕР и други регионални чинители, се одржа Студиски претстој во Словенија и Хрватска.  Оваа активност всушност претставува продолжение од серијата обуки кои ги организираше ГТЗ. На Студискиот ппретстој зедоа учество претставници од 6 Центри од Македонија и неколку општини. Од Центарот за развој на Источен плански регион учество зедоа: Драгица Здравева – Раководител на Центарот, Емил Василев – Координатор за регионален развој и Катерина Коцева – Администратор.

Повеќе...

Меѓународен Симпозиум „Патеката на Железната завеса”

alt„Патеката на Железната завеса" (Iron Curtain Trail – ICT) поврзува низа национални и прекугранични заштитени области по текот на поранешната Железна завеса – притоа минувајќи низ многу земји, вклучително и 14 ЕУ членки. Истата поврзува споменици, музеи и други градби кои сведочат за историјата на поделена Европа, како и за мирната револуција во Централна и Источна Европа. Дел од „Патеката на Железната завеса“ поминува низ територијата на Македонија. Влегува низ граничниот премин кај Делчево и продолжува преку низински предел кон Пехчево и Берово. Рутата минува низ полиња и ливади и потоа продолжува во општина Струмица, за на крај преку Босилово да премине во општина Ново Село и излезе од Македонија на истоиментиот граничен премин.

Повеќе...

„Патеката на Железната завеса”

„Патеката на Железната завеса”
Развивање на потенцијалите за алтернативен  туризам во Македонија

altМрежата на велосипедски патеки ЕуроВело (EV) се состои од 12 висококвалитетни велосипедски патеки кои поврзуваат повеќе од 20 Европски земји. Оваа еколошка мрежа претставува глобален симбол за прекугранична соработка за зачувување на природата, како и двигател за зајакнување на туристичката понуда низ цела Европа. Постигната е согласност за вклучување на lCT како 13та велосипедска рута во рамките на мрежата на ЕуроВело.

Повеќе...