Поднесени проектни апликации по Повикот за промоција на прекугранична соработка помеѓу Р.Македонија и Р.Бугарија

altНа 14.12.2009 година истече крајниот рок за поднесување на Предлог проекти по објавениот повик за промоција на прекуграничната соработка помеѓу Република Македонија и Република Бугарија. Активностите на Центарот интензивно се одвиваа што резултираше со поднесени три проекти:

 

Повеќе...

Одржана планирачка работилница во општините Зрновци и Чешиново-Облешево

altНа 11.12.2009 година во општините Чешиново-Облешево и Зрновци се одржаа планирачки работилници со цел изработка на Стратегија за локален економски развој за двете општини. Тоа се единствените општини од сите единаесет колку што брои регионот, кои досега го немаа овој стратешки плански документ. Носител на целокупната активност е Центарот за развој на Источен плански регион.

Повеќе...

ЗЕЛС ЕКСПО

altВо организација на ЗЕЛС на 25 и 26.11.2009 година во Скопје се одржа Саемот на општини „ЗЕЛС ЕКСПО“. На Саемот покрај општините, за прв пат се претставија и Центрите на планските региони. Центарот за развој на Источниот плански регион со финансиска поддршка од ГТЗ РЕД учествуваше и го презентираше регионот. На Саемот заедно со Центарот на ист штанд беа претсатвени можностите и потенцијалите на шест општини од регионот (Карбинци, Пробиштип, Чешиново – Облешево, Делчево и Зрновци).

Повеќе...

Студиско патување во Словенија-Унгарија-Хрватска од 15.11.2009 до 21.11.2009

Во рамките на серијата обуки за градење на капацитетите за регионален развој-регионален менаџмент на национално ниво, IV модул, направено е Студиско патување во Република Словенија, Унгарија и Република Хрватска.
Студиското патување се реализира во периодот од 15.11 до 21.11.2009 година во организација на GTZ RED програмата. На Студиското патување,  Центарот за развој на Источен плански регион го претставуваше Раководителот  Г-ѓа Драгица Здравева.

Повеќе...