Одржана деветата Сеница на Советот за развој на Источен плански регион

altДеветата Седница на Советот за развој на Источен плански регион се одржа на 25.02.2010 година во с. Облешево. На Седницата присуствуваа Градоначалниците од Источниот плански регион, претставници од МЖСПП и вработените во Центар за развој на Источен плански регион.

Повеќе...

Работен состанок помеѓу Биро за регионален развој-Центри-ЛЕР канцеларии

altВо организација на Центарот за развој на Источен плански регион и Бирото за регионален развој на 16.02.2010 година во големата сала на општина Штип се одржа работен состанок на тема: „Апликациски формулари за предлог проекти и добри примери од претходниот Повик“.

Повеќе...

Потпишан договор за изработка на Студија за искористување на потенцијалите на биомаса во Источниот плански регион

altПо објавениот оглас за доделување на договор за јавна набавка за изработка на „Студија за искористување на потенцијалите на биомасата за производство на енергија во Источниот плански регион“ се јавија повеќе консултантски куќи. По спроведената постапка Комисијата за најповолна ја избра понудата на „ЕМС Темос“ од Скопје.

Повеќе...

Договор за реализација на проекти

Центарот за развој на Источниот плански регион застапуван од Раководителот Г-ѓа Драгица Здравева и Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој застапуван од директорот Г-дин Џемаил Ељмази на 18 декември 2009 година потпишаа договор за реализација на проекти во Источниот плански регион. Средствата се обезбедени од Буџетот на Република Македонија за 2009 година и тоа од потпрограмите „За Атрактивни плански региони“ и „Рамномерен регионален развој“.

Повеќе...