Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во посета на мултимедијалниот центар „Креатива“ во Штип
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски го посети мултимедијалниот центар „Креатива“ и неколку спортски објекти во Штип каде што за три години се изградени 16 спортски објекти и остварисредби со жителите на општина Штип.
Вкупната инвестиција на центарот „Креатива“ е во вредност од 484.302,14 евра од кои 149.320,29 евра се од ИПА фондовите добиени преку гранична соработка со Народно Читалиште „П.Р.Славејков-1938“ с.Брезница. Општина Штип кофинансираше 186.761,85 евра.
Во мултимедијалниот центар, изграден на местото на старото летно кино во Штип, како што рече градоначалникот Илчо Захариев во разговорот со Груевски, ќе биде сместено 3Д киното, кластерот за креативна индустрија на Источно планскиот регион, канцелариите на Центарот за развој на Источно планскиот регион, а има и конференциска сала, како и сала за културно уметнички настан.

Македонската делегација од градоначалници и раководители на Центрите за развој од Источниот и Југоисточниот плански регион, предводена од министерката за локална самоуправа Ширет Елези, од 05.09.2016 (понеделник) до 09.09.2016 (петок) престојуваaво посета на општини и регионални развојни агенции во Австрија, Словенија и Хрватска.
На 15-ти септември, 2016 година, во организација на Центарот за развој на Ценатрот за развој на Источен плански регион а со поддршка од страна на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија во „Еуро Хотел Градче“ - Брана Градче, Општина Кочани, се одржа информативен настан за “Вториот Проект за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната Банка за обнова и развој (Светска банка)”.