Универзитетот „Гоце Делчев“ во својот експертски тим вклучува и експерти од Природно-математичкиот факултет од Скопје и МАНУ сѐ со цел подготовка на што поквалитетна апликација и во текот на октомври-ноември 2019 година преку официјалниот канал за комуникација ќе се поднесе апликацијата до Советот за геопаркови на УНЕСКО.
Во рамки на оваа програмска активност, во соработка со општина Пробиштип и општина Кратово се предвидува и изведување на инфраструктурни проекти кои заедно со богатото геолошко наследство и културните традиции во регионот ќе придонесат кон прогласувањето на Лесново за прв геопарк во Република Македонија.
Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со реализација на активности поддржани од Програмата за зачувување на природата во Македонија во рамки на номинацијата на Геопарк Лесново во Глобалната мрежа на геопаркови на УНЕСКО.