Language switcher

Social

 

Сензорни соби во Штип, Кочани и Делчево за подобра интеграција на децата со потешкотии во развојот од ИПР во образовниот систем и општеството.

 На 23 декември 2019 година во ОЈУДГ Астибо Штип се одржа свечена промоција  на Проектот: Здрави деца – сигурна иднина.  Проектот  е финансиран од страна на Швајцарска амбасада и Министерство за локална самоуправа,а е имплементиран од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион во соработка со ОЈУДГ Астибо - Штип.  Примарна цел на проектот е подобра интеграција на децата со потешкотии во развојот од ИПР во образовниот систем и општеството.

Истовремено, со опремувањето на  овие мулти сензорните  соби ОЈУДГ Астибо – Штип, Дневен центар  - Делчево и ОУ Малина Поп Иванова - Кочани и обуката на стручниот персоналот кој работи со децата, ќе  овозможи потикнување и делување на сите сетила кај децата со потешкотии во развојот и нивна полесна интеграција во образовниот систем и општеството, а понатаму и пазарот на трудот на овие деца.