Одржана завршна прес конференција на Проектот Креатива
На 14.12.2015 година во хотел Неврокоп во Гоце Делчев - Република Бугарија се одржа завршна прес конференција на Проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион – Креатива“. На прес конференцијата учество зедоа, членовите на проектниот тим, новинари, претставници од општините Гоце Делчев и Штип, претставници од народното читалиште како и останати заинтересирани граѓани.

На 15.12.2015 година во хотел Изгрев, во Штип, се одржа Завршната Прес конференција за постигнатите резултати од проектот „Вмрежување на мултимедијални центри во прекуграничниот регион-Креатива“. Пред присутните шеесетина посетители од Македонија и Бугарија како и новинарски екипи од Македонските национални и регионални електронските медиуми проектниот тим ги претстави проектните резултати.
На 10 Ноември, 2015 година, во Хотел “Изгрев”Штип, се оддржа првиот информативен настан на тема ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ГРАДЕЖНО ЗЕМЈИШТЕ И ЗАКОНОТ ЗА ПРОСТОРНО И УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ за општините во состав на Источниот и Североисточниот плански регион во рамките на проектот на Министерство за Локална Самоуправа, “Иновативни решенија за подобар пристап до услугите на локално ниво”кој се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) во соработка со Центрите за развој на планските региони во Република Македонија, т.е. за Источниот плански регион се реализира во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“.
На 15 октомври2015 година,во хотел Изгрев во Штип,Центарот за развој на Источен плански регион заедно со Изработувачите ИДЕА О.К. и БДС организираа и се одржа Јавна расправа за финализација на Стратегијата за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015-2024). Јавната расправаимаше зацел да се заземат заеднички и конечни ставови во однос на доставените коментари за Нацрт верзијата на Стратегијата,односно да се заокружи структурата на стратешкиот документ и акциониот план со што би се добилофинално решение за овој документ.
На 23 ти Септември, 2015 година, во голема сала на Општина Штип, се оддржа петтиот информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.