Промотивна прес конференција на проектот „Културен мост низ вековите“

На 17 јануари 2020 година се одржа промотивна прес конференција за проект „Културен мост низ вековите“.

Проектот „Културен мост низ вековите“ се финансира во рамки на INTERREG-IPA Програма за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија – Р.С. Македонија 2014-2020, во која Водечки партнер е Народно Читалиште „Георги Тодоров 1885“ од општина Белица, Р.Бугарија и Центарот за развој на Источен плански регион, како проектен партнер два.

Повеќе...

Сензорни соби во Штип, Кочани и Делчево за подобра интеграција на децата со потешкотии во развојот од ИПР во образовниот систем и општеството.

 На 23 декември 2019 година во ОЈУДГ Астибо Штип се одржа свечена промоција  на Проектот: Здрави деца – сигурна иднина.  Проектот  е финансиран од страна на Швајцарска амбасада и Министерство за локална самоуправа,а е имплементиран од страна на Центарот за развој на Источниот плански регион во соработка со ОЈУДГ Астибо - Штип.  Примарна цел на проектот е подобра интеграција на децата со потешкотии во развојот од ИПР во образовниот систем и општеството.

Повеќе...

ИПР започна со обуките за наставниот кадар за функционирање на сензорните соби во Штип и Кочани

Од 13 јануари започнаа тридневните обуки во Штип и Кочани за оспособување на стручниот кадар кој ќе работи во сензорните соби . Обуките се одржаа во ОУ Тошо Арсов во Штип и  ОУ Малина Поп Иванова во Кочани. Планираните обуки во Делчево ќе започнат на 16 јануари во Дневниот центар .

Повеќе...

Потпишан Договор за реализацијата на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“

Официјалната церемонија за доделувањето на договорите по вториот повик за предлог проекти на Interreg-ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија се одржа на 12 јули 2019 година во зградата на Министерството за регионален развој и јавни работи во Софија, Бугарија.

Повеќе...