Одржана промотивна прес конференција за проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“

На 17 декември 2019 година во ресторан Амор во Кочани се одржа промотивната прес конференција во рамките на проектот „Нашето заедничко минато – патека за заедничка иднина“.

Повеќе...

Потпишан договор за реализација на проектот „Културен мост низ вековите“

На 04 септември 2019 година се потпиша договор за реализација на проект „Културен мост низ вековите“.

Проектот „Културен мост низ вековите“ се финансира во рамки на INTERREG-IPA Програма за прекугранична соработка помеѓу Р.Бугарија – Р.С. Македонија 2014-2020, во која Водечки партнер е Народно Читалиште „Георги Тодоров 1885“ од општина Белица, Р.Бугарија и Центарот за развој на Источен плански регион, како проектен партнер два.

Предвидените проектни активности треба да се реализираат во период од 24 месеци, односно заклучно со 03.09.2021 година.

Вкупната вредност на проектот е околу 406 000 евра, од кои на располагање на Центарот за развој на Источен плански регион за реализирање на предвидените активности се околу 185 000 евра.

Одржана прва промотивна прес конференција од проектот „Културен мост низ вековите“

На 05 декември 2019 година во општинската сала на Совет во општина Белица, Р. Бугарија, се одржа првата промотивна прес конференција за реализација на проект „Културен мост низ вековите“.

Повеќе...

Потпишан договор за заедничка соработка за реализација на проект „Намалување на јаглероден отпечаток на општина Штип“

На 10 декември 2019 година во кабинетот на градоначалникот на општина Штип се потпиша договорот за заедничка соработка за реализација на проект „Намалување на јаглеродниот отпечаток на општина Штип“.

Повеќе...