Language switcher

Social

 

На 12 февруари 2014 година во Штип се одржа   III (трет)состанок на  Управниот Одбор на проектот Програма за зачувување на природата во Македонија и IV (четврт) состанок на  Управниот Одбор на проектот Управување со речниот слив на реката Брегалница.Oвие проекти се финансирани преку Швајцарската конфедерација т.е Швајцарската Агенција за развој и соработка СДЦ и Швајцарскиот државен секретаријат за економски работи СЕКО,  

Министерството за животна средина и просторно планирање МЖСПП , Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство МЗШВС и општините од регионот на Брегалница. Проектите се во навлезена фаза на имплементација и очекувани резултати.

На состанокот на УО на Програма за зачувување на природата во Македонија  позначајни точки беа:

·         Нацрт годишен извештај за 2013 година,

·         Нацрт оперативен план за 2014 година,

·         Презентација и усвојување на нацрт концепти за прекугранична соработка, мали проекти и придобивките од употребата на практити за заштита на животната средина и техники за заштеда на енергија.

На состанокот на УО на проектот  Управување со речниот слив на реката Брегалница позначајни точки беа:

 

1.Презентација на Полу-годишниот извештај

·         Драфт План за управување со сливот на р. Брегалница

·         Статус на имплементација на Фаза 1 на Мали инфраструктурни проекти (МИП)

·         Индикатори  за имплементација на проектот

2.Мали инфраструктурни проекти  (Фаза 1)

·         Презентација на сите МИП  поднесени од Општините

·         Одлука на ОУ за финансирање на поедините проекти

·         Следни чекори

3.Совет за управување со сливот на р. Брегалница – Информација за прв состанок

4.Презентација на Концептот за контрола на квалитетот на ПУРС Брегалница