Language switcher

Social

 

altНа 11.12.2009 година во општините Чешиново-Облешево и Зрновци се одржаа планирачки работилници со цел изработка на Стратегија за локален економски развој за двете општини. Тоа се единствените општини од сите единаесет колку што брои регионот, кои досега го немаа овој стратешки плански документ. Носител на целокупната активност е Центарот за развој на Источен плански регион.

 Ваквиот начин на работа се покажа како доста корисен, за што зборува и посетеноста на  работилниците. Наalt работилниците имаше претставници од сите заинтересирани страни: бизнис секторот, невладиниот сектор, претставници од општините и агрокомплексот како носечка стопанска дејност во двете општини и сл.
altОд работилниците произлегоа повеќе конструктивни предлози кои  се вградени во Стратегиите. Двете Стратегии за развој  се очекува да биде финализирани до крајот на месец јануари 2010 година. Со тоа и овие две општини од регионот ќе добијат свој стратешки документ со кој се трасираат правците за развој на долг рок.