Language switcher

Social

 

На 23.06.2014 година во Штип се одржаа Македонско Бугарските Експо Денови. Целта на Бизнис форумот е да дојде до зголемување на економската размена и интензивирање на меѓуграничната соработка помеѓу компаниите и институциите од двете држави.

На оваа средба учеството зеде Заменик Претседателот на Владата на Република Македонија и Министер за финансии Г-дин Зоран Ставрески  и Заменик Претседател на Влада на Република Бугарија задолжен за Економски Развој Г-ѓа Даниела Бобева.

Покарај замениците претседатели на двете држави учество зедоа и дваесетина градоначалници од Источниот плански регион и од другите региони од Република Македонија и градоначалници од пограничните општини од Република Бугарија како и повеќе од педесетина компании од двете држави на кои им беа презентирани потенцијали и условите за кредитирање од страна на двете државни Банки за Развој.

На платото пред Ректоратот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип - Ново Село, компании од Р. Македонија и Р. Бугарија поставија Експо штандови со свои производи. Овa претставуваше одлична можност  деловните партнери од двете држави да остварат и непосредни бизнис контакти.

Организатори на овие денови се Македонско Бугарската Стопанска Комора, Бугарската Трговска Промишлена Палата како и Советот за Развој на Источниот Плански Регион.