Language switcher

Social

 

На 16-ти и 17-ти септември во Скопје се организира студиска посета на која учествуваа претставници од девет земји, дванаесет партнерски организации/институции вклучени во Проектот PPP4Broadbend, Градоначалникот на Македонска Каменица – пилот општина каде директно ќе се имплементира еден од 9-те модели за ЈПП, претставници од министерството за информатичко општество, како и висок претставник од „Алкател Луцент“. На настанот беше презентирано решението за јавно приватно партнерство во областа на широкопојасен интернет за општина Македонска Каменица која е една од четирите општини кои учевствуваат во проектот, преку  кои се верификува валидноста на деветте ЈПП модели и се отвора патот за нивно натамошно користење во намалување на „широкопојасниот јаз” во руралните области на Југоисточна Европа (ЈИЕ). 

Решението за Македонска Каменица беше позитивно оценето од страна на екпертите учесници на презентацијата. Центарот за развој на Источниот плански регион е партнер во проектот и од огромно значење е импленетацијата на ваков тип на проект од транснационалната програма на Југоисточна Eвропа, бидејќи е прв од ваков тип што Центарот го реализира. Целни групи на проектот се руралните области, регионалните / локалните јавни администрации, приватните даватели на услуги на широкопојасен интернет и пошироката јавност.