Деветта (IX) седница на Советот за развој на Источен плански регион
На 09 мај 2014година (петок) во општина Македонска Каменица (Манастирски комплекс „Покров на Св. Богородица“ во месноста Еленец кај село Цера), со почеток во 13:00 часот, се одржа деветтата (IX) Седница на Советот за развој на Источен плански регион.
На седницата покрај градоначалниците од Источниот плански регион и Центарот за развој на Источен плански регион, присуствуваше и градоначалникот на општина Свети Николе Г-дин Зоран Тасев, претставници од фирмата КАЛИОПА од Р. Словенија како реализатори на проектот Воспоставување на Географско информационен систем во опоштините од Источен регион, претставници од фирмата ФАРМАХЕМ Скопје како Национален координатор на проектот Програма за зачувување на природата во Македонија (течението на река Брегалница), претставници од проектот Управување со речниот слив на реката Брегалница и претставниците од Македонско-Бугарската стопанска комора.
