Соопштенија од седници на Советот

Во прилог ги поместуваме информациите од одржаните седници на регионалниот совет.
За повеќе информации контактирајте не.

7ма Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион на ден 07.02.2014 година (петок) во општина Пробиштип ја одржа својата Седма (VII) Седница. Позначајни точки на дневниот ред беа:

  • Донесување на Годишен Акционен план за 2014 година за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2009-2014;
  • Усвојување на Годишниот Извештај за спроведување на Програмата за развој на Источниот плански регион 2009-2014 за 2013 година;
  • Расправа во врска со Барање од општина Свети Николе за вклучување во Проектот за воспоставување на систем за управување со отпад во ИПР;
  • Информација во врска со состанокот одржан во ЗЕЛС на тема „Седум години неуспешна реализација на регионални депонии во Република Македонија“
  • Информација за Проект ″Македонија земја на цвеќето –Земја  на розата″.