Соопштенија од седници на Советот

Во прилог ги поместуваме информациите од одржаните седници на регионалниот совет.
За повеќе информации контактирајте не.

Одржана (XX) Дваесеттата Седница на Советот за развој на Источен плански регион

Советот за развој на Источен плански регион на ден 30.10.2015 година (петок) во општина Чешиново - Облешево, ја одржа својата (XX) ДваесеттаСедница. На седницата позначајни точкипо коисе расправаше беа:

  1. Годишна листа на Предлог - Проекти за развој на Источен плански регион за 2016 година;
  2. Презентација на финалната верзија на Стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015 – 2024);
  3. Примопредавање на инвестиционо-техничка документација заИзградба на патишта и паркиралишта во Спортско Рекреативен Туристички Центар  Пониква.
Повеќе...