Потпишан Договор за изградба на Регионалниот музеј на ретки минерали
На 11.09.2019 година во просториите на општина Пробиштип се потпиша Договорот помеѓу Центар за развој на Источен плански регион и Промонтинг ДООЕЛ Скопје за Изградба на регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали“ во Пробиштип. Проектот е дел од годишната листа на проекти за 2019 година од Програмата за развој ан Планските региони.

Во Периодот од 26-29.08.2019 година, делегација од Општина Жалец и Развојната агенција Савиња го посетија Источниот плански регион. Целта на посетата беше взаемно промовирање на меѓународните пријателски, професионални и стручни односи помеѓу двата региона како и да се прошири досегашната соработката помеѓу општините кои припаѓаат на регионите, институциите, бизнис секторот, граганските организации итн. 
На 29 јули 2019 година во просториите на Општина Пробиштип раководителот на Центарот за развој на Источен плански регион и градоначалникот на општина Пробиштип потпишаа Договор за заедничка реализација на проектот „Изградба на регионален туристичко-научен музеј за ретки минерали“.
На 24 јули 2019 година во просториите на Општина Штип се потпиша Договорот за соработка за 2019 година помеѓу Министерството за локална самоуправа и единиците на локалната самоуправа од Источниот плански регион, основачи на Центарот за развој на Источен плански регион.

На ден 18.07.2019 година во Општинскиот мултимедијален центар „Киро Глигоров“ во Штип се одржа обука за македонски корисници на грантови од Вториот повик на ИНТЕРРЕГ-ИПА Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија.
На ден 17.07.2019 година се одржа десеттата седница на Советот за развој на Источен плански регион во општина Зрновци.