Работилница за идентификација на проектни идеи / концепти за Иновативен проект во рамки на проектот „Оддржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“
Бизнис Центарот при Центарот за развој на Источен плански регион преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“, одржа работилница за идентификација на проектни идеи / концепти за иновативен проект. Работилницата се одржа на ден 24.04.2019 година (среда) во Х. Изгрев со почеток од 11 часот.

Министерството за локална самоуправа преку проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ организираше настан за презентација на 16те одобрени проекти во рамките на грантовата шема за инвестициските проекти и грантовата шема за иновативните проекти на 27 мај, 2019г. (понеделник) во просториите на Х. Мериот Скопје. На овој настан имаше презентации на 16-те одобрени проекти во рамките на грантовата шема за инвестициските проекти и грантовата шема за иновативните проекти.
Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Центарот за развој на Источeн плански регион и Регионална стопанска комора, организираа инфо сесија за презентација на Инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.
Третата форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се одржа на 06.03.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа започна со идентификација на проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2018-2020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.
На 18 март 2019 година во општина Делчево се организираше работилница за стандарди во туризмот и категоризација на објекти, во рамки на воспоставеното Координативно тело за развој на туризмот во Источен плански регион.
Втората форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се оддржа на 27.02.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа започна со идентификација на проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2018-2020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.
Првата форумска сесија под наслов “ЗАЕДНО ГО РАЗВИВАМЕ НАШИОТ РЕГИОН”, се оддржа на 20.02.2019 година (среда) во хoтел „Изгрев“ во општина Штип. Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Швајцарската Агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа започнува со идентификација на проектни идеи во рамките на проектот “Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој 2018-2020“, финансиран од страна на Министерството за локална самоуправа и Владата на Швајцарската Конфедерација.
Центарот за развој на Источен плански регион продолжува со спроведување на активности преку Програмата за зачувување на природата во Македонија, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка, координиран од Фармахем.