Инфо сесија за Четврт јавен повик за поднесување предлог проекти за финансирање под инструментот Кофинансирани грантови за стартап и спин-оф

Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој организираа инфо сесија за четвртиот повик за инструментите: Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин- оф  и Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации. Настанот се оддржа на 14-ти март, 2017 година, во салата на општина  Штип со цел појаснување на начинот на аплицирање за отворениот повик.

Повеќе...

Јавен повик - Јавна набавка за “Реконструкција на општинската зграда во Кочани за зголемување на енергетската ефикасност”

Објава број: 0507-54; CB006.1.11.038 / 04

Центарот за развој на Источен плански регион, отпочна постапка за јавна набавка за “Реконструкција на општинската зграда во Кочани за зголемување на енергетската ефикасност” бр. 0507-54; CB006.1.11.038 / 04.

Јавната набавка е во рамки на проектот "Зелени згради за заедничка зелена иднина - ГРЕЕН" - CB006.1.11.038, финансиран од Интеррег - ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014 – 2020.

Комплетното тендерско досие е достапно на следниот линк.

Крајниот рок за доставување на понудата е 03.04.2017 година, 14:00 (локално време).

За да ги преземете прашањата и одговорите (Q&A), кликнете на овој линк.

За луѓето се работи

За луѓето се работи! Ова е слоганот на специфичната кампањата за подигнување на јавната свест за потребата од зачувување на природата.

Основна цел на стратегијата на специфична кампања на Центарот за развој на Источниот плански регион (ЦРИПР) е информирање и запознавање на локалното население, локалната самоуправа, бизнис секторот и здруженијата на граѓани во Источен плански регион, за придобивките од заштитените подрачја.

Повеќе...

Информативен настан на тема: „Јавни набавки согласно правилата и процедурите на Светска Банка“

Центарот за развој на Источен плански регион во соработка со Министерството за финансии - Проектот за подобрување на општинските услуги (MSIP) и Светска банка организираат информативен настан на тема: „Јавни набавки согласно правилата и процедурите на Светска банка“.  Информативниот настан се оддржа на 02-ри ноември, 2016 година, во Хотел „Изгрев” – Штип.

Повеќе...