Eднодневна обука во рамки на проектот „Бизнис Центар - „Клик“ поблиску до вашиот бизнис“

На 12-ти октомври, 2016 година, во DROP – лабораторија при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип  во Кампус 2, се оддржа еднодневна обука во рамки на проектот „Бизнис Центар - „Клик“ поблиску до вашиот бизнис“.

Центарот за развој на Источен плански регион во рамките на овој проект изработи иновативна веб и мобилна апликација “КЛИК“, со цел да се овозможи поефикасна и поефективна комуникација меѓу Бизнис центаротприЦентарот за развој на Источниот плански регион и бизнис заедницата со редовна комуникација преку интернет и мобилни апликации.

Повеќе...

Учество на претставници од центарот за развој на Источен пласки регион на меѓународната конференција на тема „НИЕ СМЕ ПАРКОВИ“

Од страна на EUROPARC и Parc Jura vaudois од Швајцарија беше организирана конференција „НИЕ СМЕ ПАРКОВИ“ која се одржа во St.-George Швајцарија.

Целите на конференцијата беа да се осознае како напредува Стратегијата  одобрена од членките на EUROPARC, како и другите иницијативи, настани и планови за иднината на Федерацијата.

Повеќе...

Информативен Настан на тема: „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин-оф за потенцијални апликанти“

На 24-ти јуни, 2016 година, во Хотел „Изгрев”- Штип, се оддржа  информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион и останатите заинтерсесирани чинители на тема: „Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап, спин-оф за потенцијални апликанти“.

Организирањето на ваков тип на настани е значаен чекор во поддршка на приватниот сектор т.е малите и средни претпријатија, трговци / економски оператори во регионот, занаетчии, потенцијални заинтересирани странски и домашни инвеститори и др.

Повеќе...

Одржан ЗАВРШЕН НАСТАН за промоција на проектните резултати во рамки на проектот Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија

Во изминатиот период регионалниот Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион спроведе серија на активности сѐ со цел поддршка на бизнис секторот во регионот во насока на поттикнување на економскиот раст и развој во регионот. Како дел од активностите на Бизнис Центарот се спроведоа серија информативни и советодавни настани за приватниот сектор, и беа изготвен:

  • Водич за инвестиции во Источен плански регион со збирка и мапа на индустриски зони;
  • Програма за развој и поддршка на бизнис секторот во Источен плански регион (2015 - 2020) со Акциски план (2015 - 2016);
  • Комуникациски план за спроведување на Програмата за развој и поддршка на бизнис секторот во Источен плански регион (2015 - 2020);
  • Девет информативни и советодавни настани на теми релевантни за бизнис заедницата
  • Интерактивен веб портал за инвестиции: www.investineastregion.mk
  • Школа за иновации и претприемништво во која учество зедоа повеќе од 50 млади лица од Источниот плански регион.
Повеќе...