Извештај за стратегиска оцена на животната средина на стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015-2024)

Кликнете тука и преземете го Извештајот за стратегиска оцена на животната средина на стратегија за развој на туризмот во Источен плански регион со акционен план (2015-2024).

Оддржан петтиот информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на Бизнис Центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион“

На 23 ти Септември, 2015 година, во голема сала на Општина Штип, се оддржа петтиот информативен настан со приватниот сектор од Источен плански регион во рамките на проектот „Формирање на бизнис центар за поддршка и консултативни услуги за мали и средни претпријатија во Источен плански регион”.

Главна цел на настанот во рамките на проектот е зголемување и подобрување на конкурентноста на планските региони преку поддршка на малите и средните претпријатија и на претприемништвото, што воедно е стратешки приоритет во Програмата за развој на Источен плански регион.

Повеќе...

(ЈАВЕН ПОВИК (реф.бр. 0205-269/2/2015) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА РАБОТИ: РЕГУЛАЦИЈА НА РЕКА КИСЕЛИЦА - ОПШТИНА ПРОБИШТИП

Мал акциски проект за регулација на река Киселица
Јавен повик (Реф. Бр. 0205-269/2/2015)

Објава на јавен повик за спроведување на постапка за доделување на договор за
набавка на работи: РЕГУЛАЦИЈА НА РЕКА КИСЕЛИЦА - ОПШТИНА ПРОБИШТИП

  1. Центарот за развој на Источен плански регион (ЦРИПР) ги поканува заинтересираните компании да достават понуди во затворен коверт не подоцна од 16.09.2015 година во 11:00 часот, адресирани до ЦРИПР. Финансиската понуда да биде изразена во МКД (без ДДВ)
     
  2. Документацијата за јавниот повик, вклучувајќи ги и критериумите за евалуација се достапни на интернет страната на ЦРИПР: http://www.eastregion.mk/тендери и ПЗП во Македонија: http://bregalnica-ncp.mk/public_calls/index (Реф. бр. 0205-269/2/2015)
     
  3. Зинтересираните компании може да поставуваат прашање исклучиво во пишана форма на слeднава е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 09.09.2014. Мал акциски проект за регулација на река Киселица е проект финасиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) во Македонија.

Преземете тендерска документација на овој линк.